Планинарскиот спортски клуб Осогово одбележува 20 години од негото постоење со низа настани

Планинарскиот спортски клуб Осогово од Кочани овој викенд одбележува 20 години од неговото постоење, а преку низа настани ќе се одбележи овој јубилеј.

По тој повод на спортско рекреативниот центар Пониква, ќе се одржат неколку настани, кој ќе започнат во сабота навечер со диџеј на отворено и ноќевање на отворено со шатори со опција и за хотелско сместување. Во недела се предвидени три спортски настани.

На овој спортски настан учество може да земат сите планинари, рекреативци, љубители на планината без да има потреба од било какви кондициски и спортски подготовки.

Пријавите веќе се во тек и може да се пријавите во планинарскиот спортски клуб Осогово.

Во однос на самата агенда во сабота во 15 часот е предвиден прием на гости и нивно сместување, додека пак во недела самиот настан започнува во 9 часот наутро.

Александар Ванев, М-Нет