Плажа рано наутро или попладне, заштитен фактор на секои два часа – штипските лекарите со апел до сите кои одат на одмор

Да се оди на плажа рано наутро, се до 10 часот, потоа да се прави пауза во најтоплиот дел од денот и престојот покрај вода да продолжи по 17 часот, а заштитниот фактор да се нанесува на секои два часа, и покрај тоа што на пакувањата е наведено дека обезбедува подолготрајна заштита. Ова се дел од препораките на лекарите до сите што летуваат покрај езера и море. Предупредуваат дека долготрајната изложеност на УВ-зрачење може да предизвика оштетувања на кожата, а во последните години тврдат дека е зголемен и бројот на случаи со карцином на кожа.

,,Озонската бариера е нарушена и го чувствуваме. Не толку високите температури, туку У-В зрачењето. Така да би препорачала заштитните фактори да се користат на секои два часа и покрај тоа што пишува дека се долг максимум, меѓутоа со влегувањето во вода, кога се исложуваме на сонце, со потењето се намалува ефектот и поради тоа се почесто треба да си ја заштитуваме нашата кожа, не само што оние имаат светол тен, туку и ние потемните, затоа што во последно време зголемен е бројот на меланоми, односно карцином на кожата, токму поради изложеноста на УВ зрачењето, а сите имаме некакви промени по телото, да не кажеме бемки по телото, кои што треба да ги заштитиме.“, кажа Митрова

Препораките треба да се почитуваат, бидејќи сонцето може да остави сериозни последици ако не се заштитиме навреме, потенцираше д-р Митрова. Вели дека од одморот треба да останат убави спомени, а не проблеми и потреба од лекарска помош.

,,Mеѓутоа заштитувањето со средства и креми за сончање со висок фактор не значи дека сме заштитени и можеме да бидеме изложени на сончевите зраци, туку се почитува она до 10 часот, потоа да се прави пауза во климатизирани простории во хотелските сместувања и онаму каде што се сместени туристите и своето уживање покрај морето да го продолжат после 17 часот, кога У-В зраците се со полано дејство врз нашата кожа. Така да, да останеме со убави спомени од годишниот одмор, а не се со спомени кога ќе имаме потреба од лекарска помош или хоспитализација.“, рече Митрова

Доколку се појават какви било симптоми или промени на кожата, лекарите советуваат да не се чека и да не се лекува на своја рака, туку навреме да се побара стручна помош

Иван Митев, М-Нет