
Питачењето на штипските улици станува се повеќе видливо, а меѓу питачите има и деца. Според Ерол Адемов од Општина Штип, веќе е направено мапирање на децата кои питачат, при што како што кажа, станува збор за околу десетина семејства. Тој посочува дека растот на цените дополнително ја продлабочува сиромаштијата, што ги прави најранливите категории граѓани, уште поранливи, а децата се почесто се наоѓаат на улица наместо во училиште.
,,Во однос на питачењето кое што го имаме во градот тоа е навистина сериозен проблем , каде што ние како локална самоуправа во изминатите години извршивме мапирање на сите дечиња, кој што питачат во нашата општина. Секако разговарвме и со нивните родители. Она што е важно да се истакне е дека станува збор за не повеќе од 10 тина ромски семејства кои што ја прават сликата лоша за сите граѓани. Јас сметам дека како локална самоуправа и центрите за социјална работа и останатите кои можат да помогнат за овој проблем да може да се организира еден состанок кој што ќе овозможи на ромската заедница да се намали бројот на птиачење, пред се од дечињата. Зголемувањето на цените се повеќе имаме зголемен број на сиромаштија, кои што овие ранвливи категории граѓани ги прави уште повеќе ранливи.“, вели Адемов
Адемов вели дека тие во општината се залагаат целосно за децата роми. Како што вели, овде е вклучувањето на децата во предучилишното образование, а веднаш потоа со помош и поддршка и учениците во основно образование. Потоа вели дека доделуваат стипендии на учениците во средно образование, како и поддршка на студентите при УГД Штип.
Aдемов потенцираше дека голем број семејства од старото нервно одделние се згрижени со новите типски куки. Станува збор за 41 ромско семејство, некаде околу 300 граѓани. Вели дека со ова е решен еден од клучните проблеми со кои се соочуваше ромската заедница. Сега како што кажа тие имаат поквалитетни услови за живот.
Иван Митев, М-Нет