Пикси: Страшна несреќа во Македонија, ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ – Пикси, на денешната пред конфереција пред домашните медиуми изрази сочувство за големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

Тој најава дека дека ќе побара од Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со Фудбалската федерација на Македонија за биде закажан хуманитарен пријателски натревар меѓу Србија и Македонија.

„Во Македонија се случи трагичен настан. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за да можеме во иднина да одиграме натпревар. Секако, сето ова би имало хуманитарен карактер. По трагедиите што ги доживеавме, ова е уште една“, истакна Стојковиќ на прес-конферецијата во пресврт на натпреварите со Австрија од А дивизијата од Лигата на нации.

Простор за спорт во Македонија нема, сите спортски настани и натпревари се одложени. Фудбалерите на Македонија ќе го одиграат натпреварот со Лихтенштајн на домашен терен во квалификациите за Светското првенство кој е закажан за 22. март, а пак ракометарите на Алкалоид ќе играат со Баја Маре во меч од ЕХФ Купот.

Владата прогласи седудневна жалост во Македонија.

Александар Ванев, М-Нет