
Прволигашот Гостивар за следната сезона сериозно гради тим со кој ќе атакува на висок пласман, првото место, излез во Европа и атак на Купот на Македонија.
Двата клуба имаат успешна соработка, откако турскиот инвеститор којшто инвестира во Гостивар, се одлучи за инвестиција и во Слога Виница. Тоа е потврдено со повеќе заеднички настани, меѓу кои и последниот со тоа што пет фудбалер на Слога Виница заминаа на подготовки со прволигашот Гостивар.
Како што дознава ексклузивно телевизија М Нет, од денес се до 14. јули играчите на третолигашот од Виница, Александар Илиев, Октај Амедов, Михаил Воинов, Игор Ѓорѓиев и Асан Рифадов ќе бидат вклучени во подготовките заедно со екипата на Гостивар, кои се одржуваат во Маврово.
Соработката се продлабочува, а Слога Виница во новата сезона како главен фаворит ќе влезе во Трета лига – Исток да го освои првото место и да игра бараж за влез во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет