Пет лица приведени за напад на полициски службеници при обид да крадат од црква во Штип

Денеска околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода пет лица кои се обиделе да извршат кражба во црква кај место викано Елките во Штип и нападнале полициски службеници. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.