
Попладнево биле повредени двајца полициски службеници од СВР Штип при акција за спречување на кражба во близина на Мирјанина црква во Штип. Еден од полициските службеници е тешко повреден и е на лекување во Клиничката болница Штип, а вториот е со телесни повреди. Се очекува СВР Штип официјално да го потврди настанот вечерва.