Пет градежни парцели за семејни куќи на продажба во штипската населба Три Чешми

Пет градежни парцели за изградба на семејни куќи продава Општина Штип во населбата Три Чешми, покрај локалниот пат кон селото Сушево. Парцелите се со намена А1 – индивидуално домување, а нивната површина се движи од 327 до 336 квадратни метри. Почетната цена изнесува 61 денар за квадратен метар, а продажбата ќе се реализира преку електронската платофрма за градежно земјиште

Заинтересираните можат да се пријават за учество на аукцијата најдоцна до 22 јуни 2026 година. Повеќе информации за условите и начинот на пријавување се достапни на платформата за електронски аукции за продажба на градежно земјиште.

Иван Митев, М-Нет