
Пензионерите и денеска посочија ако нема линеарно покачување на пензиите нема да гласаат на претстојните локални избори. Велат дека изминатиот период оставриле средби со сите надлежни институции и здруженија со цел да бидат прифатени нивните барања за усогласувањето на пензиите во месец септември да биде линеарно, за сите пензионери подеднакво.
„На претходните парламентарни избори во државата со линерно покачување добија 190 илјади гласови само од пенизонерите. Доколку нема промени нема да има гласање“ – вели Митев.
Велат дека цените на производите се исти за сите пензионери и за тие со пензија од 20 илјади денари и за останатите со пензија од 50 илјади денари. Токму затоа стои нивното барање за линеарно усогласување на пензиите.
„Многу истражувања имаме направено, исто е доматот за мене 100 денари, исто е и за тие со 50 илјади денари пензија.“ – додава Митев.
Дополнително ги посочија проблемите кои се јавуваат во Здружението на пензионери на Македонија, како и предложениот Закон кој очекуваат да биде прифатен. Претходните 5000 денари линеарно покачување на пензиите, пензионерите го добија протестирајќи на улица. Очекуваат ново исогласување на пензиите да биде повторно по овој терк или во спротивно децидни се дека нема да излезат на гласање.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет