
Половина месец помина, а за многумина пензионери, пензиите веќе истрошени. Велат дека сè е поскапо – храната, лековите, сметките. Животот станува сè потежок, а можностите за заштеда – речиси непостоечки.Пензионерите остануваат во неизвесност, со надеж дека ќе се најдат решенија кои ќе го подобрат нивниот животен стандард.
Ако ситуацијата со високите цени продолжи и понатаму, пензионерите велат дека ќе биде уште потешко за живот.
Инаку, покачување пензионеритее зедоа изминатиот месец и тоа за 2,500 денари. Претходно во октомври земаа за уште толку, па за сега целосното покаќување бележи 5000 денари.
Иван Митев, М-Нет