
Расте бројот на малигни заболувања, особено кај младата популација. Бројот на прегледи поврзани со малигни заболувања во истокот достигнува и до 4000 годишно, што јасно укажува на зголемена инциденца на овие болести. Според докторката Караколевска-Илова, најчести се карциномите на дојка, бели дробови и дигестивниот тракт. Особено алармантен е трендот на појава на карциноми кај сѐ помлада популација. Возрасната граница постојано се спушта, што дополнително ја зголемува потребата од навремена дијагностика и превенција.
,,Aко го земеме фактот дека прегледи кои што се остварени на годишно ниво се движат околу 4000 прегледи, значи јасно е дека инциденцата на магните заболувања е во пораст. Во однос на локализациите, најчесто се тоа карциноми на дојката, на белите дробови, на дигистивниот траг. Загрижувачки е фактот дека е во пораст и малигниот меланом на кожата, најверојатно поради недоволната заштита од сонцето. Инциденцата на млади пациенти за жал се зголемува, односно се намалува возрасната граница во однос на појавата на сите типови на карциноми. Инциденцата се зголемува, меѓутоа и преваленцата, бројот на сите се зголемува, но имаме и напредок во лекувањето кај овие заболувања, што значи дека имаме продолжувања на животот кај овие пациенти.“, рече Караколевска-Илова
Караколевска-Илова рече дека во земјава треба се уште да се работи на свеста за превенција, како и на свеста за следење на скрининг програмите, кои се воведени во државата.
Според Караколевска Илова работата на примарната здравствена заштита е да зборуваат за симптомите , но останува децидна дека потребно е следење на контролните прегледи.
Иван Митев, М-Нет