
Пелистер ја доби драмата со Работнички и пред верната публика славеше со 88:85 во рамки на 12. коло на кошаркарската Суперлига, па така битолчани победнички ја започнаа 2026 година. На полувреме предноста беше 47:44, па тоа јасно покажа дека до крајот на мечот ќе има голема неизвесност. Иако битолчани стигнаа и до највисоките 74:65, скопскиот тим успеа да направи вистинска драма во завршни моменти, а по која Пелистер на крај славеше со 88:85.
Дејвис за Пелистер реализираше 25 поени и девет скока, а Малешевиќ имаше 21 поен со пет скока и четири асистенции, додека пак кај Работнички Петровски стигна до 19 поени и пет скока, а Робев се истакна со 17 поени.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром не виде проблем за славје против Маџари во гости со резултат от 76:87. На полувреме шампионот имаше предност од 35:47, па до крајот и беше рутина за искусниот тим.
Ангели немаше сили за разиграниот Феникс кој со 60:99 беше убедлив за позитивенстат на 2026 година во домашниот шампионат. Гостинот на полувреме изгради предност од 29:50, разлика која беше недостижна за домаќинот кој го загуби мечот убедливо.
Тиквеш го доби мечот со Гостивар со резултат од 81:73, а оваа победа значи и прекин на серијата порази за тимот од Кавадарци, а пак Гостивар нанижа четири порази во низа.
Натпреварот меѓу МКК Куманово и Чаир синоќа беше прекинат по само две минути игра, бидејќи подлогат во салата беше лизгада и поради тоа немаше услови за игра. Официјалните лица на мечот односно судиите и делегатот веднаш донесоа одлука со која мечот се прекина. Натпреварот меѓу овие две екипи ќе продолжи вечерва.
Денес исто така се игра и мечот меѓу ТФТ и Кожув за комплетирање на колото.
Александар Ванев, М-Нет