
Битолскиот прволигаш Пелистер кој се врати во фудбалската елита на Македонија претстави три носи засилувања. Станува збор за Виктор Серафимовски, Филип Тодоровски и Дамјан Масевски.
28-годишниот Серафимовски доаѓа од редовите на кратовскиот прволигаш Силекс, а во својата кариера има настапувано за Вардар од каде и потекнува, Љубанци, Еуромилк ГЛ, Македонија ЃП, Беласица и Ренова. Серафимовски ќе го засили средниот ред на тимот од Битола, со големо искуство кое го има стекнато во повеќе македонски прволигаши.
Тодороски важи за еден од најталентираните млади и респектабилни офанзивни играчи за врска во Македонија, а 21-годишникот може да настапува и на крилните позиции. Во Пелистер доаѓа од охрискиот прволигаш Воска Спорт, потекнува од прилепска Победа, а има настапувано и за Работнички.
Масевски е млад фудбалер кој доаѓа од второлигашот Охрид, а настапува на напаѓачката позиција пред кого претстој голема кариера.
Трите засилувања денес ќе бидат на првата прозивка на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Пелистер во следниот период ќе продолжи да го формира ростерот за новата сезона, ќе има уште пет до шест засилувања, а со голем дел од нив преговорите се во завршна фаза и наскоро ќе се официјализираат.
Александар Ванев, М-Нет