
Проблемите со паркинг услугата во Штип не прекинуваат, а не се ни решаваат. И покрај големиот број напори од надлежните да се обезбедат доволен број на паркинг места, расте и бројот на граѓани кои паркираат каде ќе најдат слободно место. Има и такви кои покрај тоа што се паркирани на несоодветно место, паркираат возила и истите стојат на одредено место подолг временски период без приота надлежните да можат да го отстранат тоа возило. Овде се поставува прашањето зошто? Побаравме одговор од надлежните од ЈП „Стипион“ Штип. Директорот Протогеров истакна дека се уште се чека дел за поправка на пајакот.
„Чекаме одговорниот човек за поправка на пајка возилото во Општина Штип, да дојде да направи увид на возилото и да ни каже дали ќе го поправи истото. Запознаени сте веќе дека расипана е хидроуликата. Да не зборуваме пред време, но средбата треба да се оствари до крајот на месецов. Ќе разговараме потоа дали пајак возилото ќе биде поправено и дали ќе биде пуштено во функција.“ – истакна Протогеров
Прашавме и дали доколку не дојде до поправка на пајка возилото во Штип, можеби ќе се разгледа можноста да се набави ново вакво возило кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните?
„ Набавката на ново пајак возило е доста скапа инвестиција и тоа нам не ни е приоритет. Имаме доста други поважни работи кои треба да се набават и и недостасуваат на Општина Штип, а и средствата ни се ограничени. Најпрво би купиле нов камион и дигалка бидејќи тие се приоритет. За пајак возило ќе ги разгледаме можностите дополнително“ – кажа Протогеров.
Пајак возилото во Штип пристигна како донација од Скопје, но истиот во функција беше едвај неколку месеци. Потоа се расипа и се чека на негова поправка. Сега за сега нема возило кое ја извршуваа оваа функција, па затоа и паркираните возила било каде во Штип се честа слика и појава. Изградените две платформи во централното градско подрачје во Штип, спрема трговскиот центар и спрема здравниот дом во Штип, делумно ги задоволуваат потребите на штипјани. Возачаите се нервираат бидејќи игра на среќа е да пронајдеш слободна паркинг услуга. Пешаците мака мачат да поминат по тротоарите, а надлежните чекаат дел за пајак возилото.
Лаура Стојанова М-Нет