
Патот на заздравување – Делегација од Гетеборг ќе ги сподели своите искуства од пожарот во Шведска со жителите на Кочани.
Седумчлена делегација од Гетеборг ќе биде во Кочани од 16 до 18 јуни, кои ќе ги споделат своите искуства 27 години по пожарот во Шведска. Ќе присуствуваат тим од социјални работнички, пожарникари и преживеани од пожар кој се случил на 29 ноември 1998 година во
Гетебoрг.
Во тој пожар загинале 63 млади лица, 213 биле повредени, на забава на која присуствувале 375 лица во простор наменет за 150 лица. Во тридневните активности се предвидени споделување искуства, отворени и затворени сесии, јавна панел дискусија. Настанот е поддржан од страна на Општина Кочани и Супорт Кочани. Две лица тогаш на возраст од 17 и 19 години го преживеале пожарот, но загубиле многу блиски, пријатели и роднини. Денеска работаткако социјални работници, однонсо експерт за управување со кризи. Дел од тимот од Шведска се и пожарникари кои ќе споделат искуства од тогашниот пожар.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет