Патот катастрофален, покрај него мртов коњ – вака се стигнува до м.в. Чурлин во Штип

Дивите депонии постојано тема на разговор кај Локалните власти, меѓутоа нивното чистење тешко оди. Над Мирјанина црква во Општина Штип, локација кон местото викано Чурлин мал е зборот да се каже дека е само депонија.

Граѓаните кои случајно ги сретнавме на овој пат, велат сликата е грда, миризбата не поднослива, а стравот најголем бидејќи ова е потенцијалното место за разни болести.

Дополнително на ова, патот по кој се вози до Чурлин е целиот со кал и прашина. Граѓаните велат претходно кога екипи на ЈП Исар дошле да ја чистат депонијата зад себе оставиле пат по кој сега едвај се поминува. Автомобилите оштетни, институциите без слух за проблемите на граѓаните.

За депонијата директорот на Јп Исар, Трајче Здравков истакна дека во координација со комуналните инспектори при Општина Штип се преземаат активности за нивно чистење. Ова за М-Нет го потврди и комуналниот инспектор Борче Везенков. За патот првиот човек на град Штип, Иван Јорданов кажа дека е доста проблематичен, но ќе се пристапи кон поставување на асфалтен слој.

„Ние со подобрување на временските услови ќе пристапиме кон асфалтирање не само на овој пат, туку и на другите улички во тој дел од градот“ – истакна Јорданов.

„Една од дивите која се чистеше е и депонијата над Мирјанина црква. За жал кратко по расчистувањето на тие диви депонии, повторно истите се прават. Ние преземавме и други активности во координација со Комуналните инспектори при Општина Штип и ќе се работи на случајот“ – вели Здравков.

Оваа недела се очекува да се постават табли со телефонски броеви на ЈП Исар со што граѓаните ќе може да алармираат за проблеми и создавање диви депонии. Здравково во оваа прилика апелираше до граѓаните да бидат посовесни.

Лаура Стојанова М-Нет