
Локалниот обичај во селото посветен на празникот Собор на св. Јован Крстител, кој со векови живее во беровското село Ратево, повторно заживеа откако не се одржа минатата година поради ситуацијата која беше предизвикана од корона пандемијата. Тој повторно ја испишува својата традиција по тринаесети пат.
По кажувањето на локалните стари мештани од Ратево, како што кажа нашиот соговорник, се работи за шест вековна културна историја која се пренесувала од генерација на генерација. Локалниот обичај Бамбурци се изведува на мегданот во селото од дамнина. Момчиња облечени во кожи, со клопотарци и со исцрнети раце од рано наутро го играат танцот во селото за да ги избркаат лошите духови. Задолжителен декор на обичајот, покрај тропањето со клопотарците, е и црнењето на лицата на девојките, но и на сите гости кои доаѓаат во селото. Според нив, црнењето е за здравје, да се заштитат од болести.
Благојчо Костадинов М-Нет