
Народ од сите страни, задоволни лица, познати музички домашни и странски ѕвезди, вчеравечер свечено се отвори 14 издание на штипската пастрамалијада 2022 година. Очекуваното е задоволено, гости пристигнаа од повеќе градови од регионот, но и цела држава, Штип светна во полн сјај. Неколку часови забава беше она што недостигаше цели две години, дружба и мигови за паматење. Градоначалникот Иван Јорданов задоволен од вчеравечер, посетеност очекува и вечерва.
„Навистина ми е задоволство што вечерва заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир ја отворивме познатата манифестација Штипска пастрамалијада, по 14 пат после две години пауза ја продолжуваме традицијата во ценатрот на Истокот, заедно со нашите сограѓани, но и со сите гости“ – вели Јорданов.
Евро амбасадорот Гир на македонски јазик ја поздрави манифестација, а учествуваше и во сечењето на џиновската пастрамајлија.
“Ми претставува огромно задоволство што сум тука денес во Штип за пастрамалијада. Градоначалникот ми кажа дека пастрамалијадата е најдобрата манифестација во државата, и јас одлучив да дојдам и да ја се уерам сам. Сигурен сум дека оваа прекрасна македонска традиција, мислам дека и ние во ЕУ можеме да направиме нешто слично на ова. Можеби и ние ќе имаме пастрамалијада во ЕУ“ – Кажа Гир.
Задоволни од манифестацијата беа и граѓаните, како штипјани така и оние од другите градови кои дошле на пастрамалијадата. Велат вакво нешто недостасувало цели две години.
Голема посетеност се очекува и вечрва кога исто ќе настапт големи музички домашни и странски ѕвезди.
Лаура Стојанова М-Нет