Партиски вработувања на полиитчките партии ги кренаа на нозе власта и опозицијата во Штип

УЈП Штип е претворена во регионална партиска организација на СДС – обвинија денеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму посочуваат дека слоганот „Живот за сите“, е всушност слоган „Живот за само дел дел истакнати членови на СДСМ“.

„Актуелен советник и сопруга на актуелен директор од СДС повторно „рамо до рамо“ со граѓаните. Додека граѓаните во Штип тонат во беда и сиромаштија општинската органзиација на СДС ги приватизира институциите на сиситемот, вработувајќи ги своите истакнати членови од една во друга институција. Трајче Стојчевски актуелен советник во Советот на Општина Штип „рамо до рамо“ со граѓаните а претходно вработен во МЕПСО сега се вработува на работна позиција инспектор во УЈП Штип. Ведрана Тодоров сопруга на актуелниот директор на КПД Затвор Штип „рамо до рамо“ со граѓаните се вработува на работна позиција раководител на одделение за оддржување на информациониот сиситем во УЈП Штип. Очигледно е дека бродот на СДС тоне и мла дел од истакнатите членови на СДС лекот за спас го најдоа во УЈП. Таму претходно беа вдомени Никола Тушев и Александар Кангалов.“ – кажаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

На прашањата од ОО на СДСМ Штип вратија со прашање. Каде и како е вработен актуелниот градоначалник Иван Јорданов и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, Душко Иванов прашаа од СДСМ.

„Кога сме кај отворање на огласи и вработувања, за актуелните вработувања постои јавно достапна постапка за вработување која е целосно по закон и крајно транспарентна. ВМРО-ДПМНЕ очигледно се води од онаа народната “слушај ме што зборувам, не гледај ме што правам”, а за да ја демантираат оваа констатација ќе треба да одговорат на прашањето, каде и како е вработен актуелниот градоначалник Иван Јорданов, кој патем беше осум години советник во Советот на Општина Штип и единствен без ниту една дискусија и каде и како е вработен нивниот претседател на О.К. Душко Иванов, кој е актуелен координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Штип?“ – вратија од ОО на СДСМ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет