
Павел Иванов ќе биде кандидат за градоначалник на Штип на претстојните локални избори од страна на политичкатапартија СДСМ. На седница на Извршниот одбор на СДСМ, едногласно и со целосна поддршка претседателот на ОО СДСМ Штип Павел Иванов е избран за кандидат за градоначалник на Општина Штип.
На социјалните мрежи беше објавено писмено соопштение во кое стои:
,,СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобриот кандидат за градоначалник, најдобрата кадровска понуда, со најдобрата програма и со најголема поддршка од граѓаните!
Штип мора да продолжи по патот на развој, модернизација и напредок, а не стагнација и узурпирање на институциите од ненародната власт на ДПМНЕ.”