
Охрид по седум години пауза се враќа на европската сцена, откако клубот избори виза за настап во Евроскиот Куп, каде ќе се соочат со романскиот тим Потаиса Турда, натпревар кој се игра в сабота од 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
„Гладијаторите“ на Стевче Алушовски играат одличен ракомет, во првенството имаа шест победи во низа, а загуби од шампионот Еурофарм Пелистер во Битола, а пак романскиот тим има седум победи и еден пораз од осум натпревари во романскиот шампионат.
Последен во низата играч кој пристигна во Охрид беше Ловро Јотиќ, па охриѓани максимално подготвени и комплетни ќе атакуваат на победа против романскиот тим.
Повеќе од јасно е дека салата ќе биде исполнета до последното седиште од охридската публика и верната навивачка група „рибари“ со што тие ќе бидат ветер во грб на играчите на Охрид.
Реваншот се игра во Турда на 26. октомври од 17 часот, а доколку Охрид забележи триумф ќе се пласира во следната фаза.
Александар Ванев, М-Нет