
Второлигашот Охрид за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига го засили нападот со Аљтин Лога, кој е прво зимско засилување за охриѓани.
Охрид вчера ги започна подготовките за пролетниот дел, а веќе денес беше претставено и првото засилување.
33-годишникот игра на повеќе позиции во нападот и ќе биде големо засилување за Охрид, а доаѓа од редовите на Караорман. Во својата кариера има настапувано за Победа, Гостивар, Елбасан, Дуќанџик, Лачи, Фљамуртари, Воска и Караорман.
Охрид есенскиот дел го заврши на шестото место со 26 бодови, а пролетниот дел го отвара со гостување кај Тетекс.