
Можноста студентите и учениците денеска да присуствуваат на отворениот ден на УГД Штип, создаде бројни предности за нив. Како што велат и тие за медиумите, денешниот настан е од голема важност. За студентите можност тие да комуницираат со професори и академии со цел подобара реализација во државата, а за средношколците пак можност да го одберат најдобриот факутет и да го продолжат безгрижно своето образование.
,,Ова е можност и ние студентите за комуникација со професорите, разговор со академиите, но и со реалниот сектор. Ваквите настани можат да не мотивираат.“, додаваат студентите
,,Го гледам како шанса за сите средношколци да го продолжат образованието и одлична можност да се запознаат со услугите кои ги нудат факултетите на УГД.“, истакнаа средношколците
Средношколците велат дека иднина има и во Македонија. Информираат дека доколку има посветеност и работа и овде може да се успее.
Инаку, настанот се оддржува втора година по ред, а целта на истиот е средношколците да се запознаат со услугите на УГД Штип, а студентите ја најдат соодветна професионална работа.
Иван Митев, М-Нет