Отворени денови во Општина Штип, граѓаните на средба со градоначалникот

Отворени денови ќе организира Општина Штип, градоначалникот и надлежните на средба со граѓаните. Имено, почнувајќи од денес, сите заинтересирани граѓани ќе може да ги упатат своите барања и проблеми до надлежните лице в лице на средба со нив. Секоја среда во 18:00 часот Салата на Советот на Општината ќе биде отворена за разговор со граѓаните.

„За да ја зајакнеме комуникацијата и соработката со граѓаните од денес и секоја наредна среда, во 18:00 часот, Општина Штип, односно градоначалникот заедно со службите, коишто најмногу се посетувани од граѓаните и каде што граѓаните досега најмногу детектирале дека имаат потреба за посериозна комуникација, ќе организира средба со нив. Секој граѓанин ќе може да дојде во Општина Штип и да се види со градоначалникот или некој од службите“, истакна шефот на Кабинетот на градоначалникот, Вишна Шорова – Ангелова.

Претходно, граѓаните можеа да доставуваат барања и даваат препораки на веб – страна наменета за истото, од кои дел беа вклучени во буџетот на Општината за 2022 година.

Ребека Спасова М-Нет