
Отворен новиот сообраќаен парк за едукативен и забавен карактер во ДГ“Астибо,, клон Цветови во Штип. На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, како и директорите на повеќе образони институции, а дечињата со мини приредба ги покажаа своите таленти и можности. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, истакна дека ваквиот проект е единствен во државата, кој што ќе служи за сите дечињата од предучилишна возраст.
“Навистина ме радува секоа нова содржина во нашиот град. Морам да истакнам дека, кога ја добив идејата од страна на директорот за реализација на овој проект на проект кој што е прв во нашата држава ваков сообраќаен парк со едукативен и забавен карактер, пред се за дечињата од предучилишната возраст. Ме израдува фактот дека ќе бидеме први во Македонија, кои што како општина ќе добиеме ваква содржина и веднаш влеговме во реализација и финансирање на овој проект.“, истакна Јорданов
Благодарност за самиот проект истакнаа вработените во детската градинка, како и директорот Илија Митров, додавајќи дека посебно е горд што ова се случува во Штип.
„Пресреќни сме што денес сме овде да го отвориме овој преубав сообраќаен парк што е од едукативен, но и забавен карактер за децата. Тие ќе можат да уживаат во сите овие содржини кои што денес можете да ги видите. Би сакал да се заблагодарам прво на Општина Штип, кои што веднаш се обратија по презентирањето на нашиот проект и го подржаа со финансиски средства. Да се заблагодарам на ЈП“Стипион“ и ЈП“Исар“, кои што подпомогнаа целото нешто да изгледа вака убаво.“, додава Митров
Со ваквата реализација не само што дечињата во своето слободно време од градинката ќе имаат можност да се забавуваат, ти ќе се стекнат и со основните правила во сообраќајот, а општината за истиот од својот буџет издвои 600 000 денари и во иднина тие како локална самоуправа ќе продолжи со реализации и во останатите институции, се со цел Штип биде најдобар во она што го работи.