Осум нови приеми во штипската модуларна болница, слободни се три места

Тројца испишани пациенти и осум нови приеми во последните 24 во штипската болница. Од извршени 57 амбулантски прегледи, хоспитализирани се 53 пациенти. Од нив, 43 се во модуларната ковид – болница, а 10 на Кожното одделение. Дури 70% од хоспитализираните, односно 37 пациенти се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка. Во модуларната ковид – болница има 3 слободни места, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

На територија на цела држава регистрирани се 561 случај на Ковид – 19 од направени 4.384 тестирања. Од нив, 25 се во Штип, 7 во Кочани, по 4 во Берово, Виница и Македонска Каменица, 2 во Делчево и 1 во Пробиштип.

Регистрирани се и 507 оздравени пациенти, од кои 18 во Штип, по 8 во Берово и Радовиш, 6 во Кочани, 4 во Виница, 3 во Пробиштип и 1 во Делчево.

Од пријавените 29 починати лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.242.490 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008.

Ребека Спасова М-Нет