
Интересни натпревари носи претпоследното коло од Втора лига, а гледачите на телевизија М Нет во ЖИВО преку директен пренос ги следеа натпреварите помеѓу Каменица Саса – Локомотива и Слога Виница – Охрид.
Саса на домашен терен го забележа најголемата победа со која може да дојде до директен опстанок во Втората лига, откако на домашен терен со 2:1 славеше триумф над директниот конкурент за опстанок Локомотива.
Мартин Петровски во 42. минута ја стресе мрежата на противникот за ерупција кај домашната публика. Стартот од вториот дел донесе нов гол за „рударите“, откако Филип Николовски во 57. минута смести топката во противничката мрежа за голема радост кај домашната публика.
Емир Хусеиноски во 71. минута ја намали предноста на Саса од 2:1 и ја врати неизвесноста на Градскиот стадион во Македонска Каменица, до крајот и двете екипи имаа свои шанси, но немаше промена на резултат, кој на крај беше конечен од 2:1.
Тетекс на крилата на Кировски го доби Кожуф и оди кон сигурен опстанок во Втората лига, откако на домашен терен со 4:2 славеше голема пбоеда над Кожуф од Гевгелија. Христијан Кировски постигна хет-трик за „штофарите“, додека пак Мустафа Јусуф беше стрелец на вториот гол за домаќинот.
Во вториот пренос на телевизија М Нет, Слога со голема победа од 3:0 над Охрид ги задржува минималните шанси за баражот, но тоа ќе биде теоретски многу тешко дека Слога би играла бараж. Тренерот на Охрид, Пепи Џигероски, како што најави во изјава за телевизија М Нет, шанса им даде на помладите фудбалери.
Христијан Митревски по автоголот во 16. минута овозможи предност за домашниот тим од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Давид Манџуковски и Кристијан Јордановски беа стрелци за конечни 3:0.
За гостите од Гевгелија погодија Александар Богданоски и Стојанчо Наков.
На „Билјанини Извори“ во Охрид беа постигнати осум погодоци во меч каде Воска Спорт со 5:3 го доби Детонит Плачковица. Хет-трик запиша најдобриот стрелец Бехар Фета, а двапати стрелаше Ален Јашароски. За гостите стрелци беа Стефан Бабунски, Славчо Јанев и Горан Стојанов.
Гостивар со 4:0 го доби „фенерџијата“ Борец и по девет години и се враќа во Првата лига. Антонио Каланоски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Фисник Зука и Виктор Крстевски.
Вечрното дерби помеѓу Вардар и Пелистер заврши без победник во Маџари на „Борис Трајковски“ со по еден гол во мрежата (1:1). Вардарци пред крајот на првиот дел стигнаа први до водство со голот на Десниќ, а на стартот од второто полувреме Маневски погоди за конечни 1:1.
Вардар и официјално е во бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига и речиси сигурно ќе игра со Скопје.
Беласица на „Кукуш“ во Турново беше минимално поразена од Арсими со голот на Лорик Љика постигнат во 14. минута од мечот.
Беса со минимални 1:0 на теренот во Врапчиште го доби Караорман со голот на Ерсин Шабани во 91. минута.
