Остварени ветувањата на СДСМ за тригодишниот мандат во Штип.

Со обраќање до граѓаните денеска на прес се огласија од ОО СДСМ Штип. Реализирање на проекти кој се од интерес за граѓаните на Општина Штип, се дел од завршените работи на владеачката партија за време од три години.
Во изминатите три години урбана заедница „Тошо Арсов“, се реализирани голем број на проекти меѓу кои: реконструкција на една од најголемите и најзначајни сообраќајни артерии, улицата „Иво Лола Рибар“.Паркинг платформата кај трговскиот центар со која се обезбедија дополнителни 40 паркинг места, го реши проблемот со слободните паркинг места во Штип. Местото познато како „Аргач“ кое беше запуштено и наликуваше на мини депонија сега целосно е реконструирано со нови клупи и корпи за отпадоци. Реновирани и обновени се тротоарите на повеќе Штипски улици. – беше дел од обраќањето на ОО СДСМ – Штип.
Тригодишниот мандадт на  СДСМ, е проследен со низа проекти со кои градот под Исарот комплетно се менува, се разубавува и урбанизира. Накратко кажано, она што некогаш се ветуваше денеска се исполнува.

Лаура Стојанова М-Нет