Источното второлигашко дерби помеѓу Каменица Саса и Слога Виница – директно на програмата на Мнет ТВ

Со одигрувањето на натпреварите 10 коло фудбалските второлигаши од групата Исток навлегоа во вториот дел од првенството. Се покажа и докажа дека сите екипи се одлично подготвени и со максимални напори ги бранат боите на своите екипи при што имаше и неколку изненадувања. Засега на врвот се издвоија екипите на Тиквеш и Брегалница кои се и најголеми фаворити додека разликата од четвртопласираниот тим на Слога Виница до последнопласираниот тим на 10 место Плачковица, е само 7 бодови. Веќе во сабота 14 ноември на програмата ќе бидат натпреварите од редовното 11 коло. Вниманието на фудбалската јавност е насочено кон Македонска Каменица каде што ќе се сретнат старите ривали Каменица Саса и Слога од Виница. Слога е на 4 место со 13 бодови а Каменица Саса и Победа од Прилеп го делат 7 место со по 8 освоени бодови. Во денешниот разговор Шефот на Стручниот штаб на Каменица Саса, Горан Здравков посака за неговиот денешен роденден најголема награда да биде освојувањето на 3 бода во саботниот меч. Тој нагласи дека на располгање се сите играчи, нема повредени, ниту пожолтени и сите фудбалери се нестрпливи и во очекување на почетокот на овој натпревар. – „ Ситуацијата е стабилна, иако е видлива мобилноста на сиот стручен штаб и на играчите за претстојниот меч во кој победата ни е важна а бодовите ни се многу битни како мал напредок и продор кон горниот и посигурниот дел на табелата. Тоа ќе биде и патоказ и репер кон по мирен тек во натамошниот дел од првенството “ – ни изјави Горан Здравков.

Веќе се делегирани и официјалните лица за овој натпревар, главен судија ќе биде Боби Величков од Велес , прв асистент Кристијан Џонов од Штип, втор асистент ќе биде Роберт Црвенов и четврти судија Јовица Илиевски сите од Велес. Контролор на овој меч ќе биде Горанчо Фидановски а Делегат Јовица Илиески и двајцата од Скопје. Натпреварот Каменица Саса – Слога В ќе се одигра во сабота 14 ноември со почеток во 13.00 часот и благодарејки на соработката со ФФМ, со ДИРЕКТЕН ПРЕНОС на програмата на Мнет Телевизија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk