
Денеска, градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров, го одржа отчетот за сработеното во периодот од октомври 2019 до октомври 2020годна. За разлика од претходната година, овојпат средбата се одржа без присуство на граѓаните поради ситуацијата со Ковид-19. Отчетот е додатокот на претходната година, односно ги вклучува само реализираните проекти во последната година работење, – потенцираше Димитров. За време на мандадот од 3 години, Општина Виница, доби нов лик. Со асфалтирање и реконструкција на голем број патишта како во градот така и во околните населени места, просторот за движење се подобрува се повеќе – вели Димитров. Не е изоставена помошта за основните и средни училишта, а со поддршка се здобиле и голем број на фестивали и ликовни колонии. Она што Димитров денеска го презентираше не паѓа во вода, бидејќи и граѓаните на Општина Виница се задоволни од работата на нивниот градоначалник. Целиот отчет на градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров, како и претходните 120 проекти кои не беа кажани денеска а се дел од неговиот тригодишен мандат, ги има во печатена форма, а може да се погледнат и на страната на градоначалникот на Фејсбук.
Лаура Стојанова М-Нет