
Денеска беа одиграни натпреварите од осмото коло во Втората македонска фудбалска лига, а колото ќе биде затворено вечерва од 18:00 часот со дербито под рефлектори во Штип помеѓу Брегалница и Скопје, меч кој ќе го следите во живо на М Нет.
Екипата на Осогово оствари значајна победа на домашен терен, славејќи со 3-1 над Беласица – три големи бодови за тимот од Кочани.
Во Гевгелија, дербито помеѓу Кожуф и Детонит Плачковица заврши без погодоци – 0-0.
Слога Виница ја продолжи резултатската криза, откако загуби во Прилеп од Победа со убедливи 3-0.
На домашен терен, Каменица Саса славеше со 3-0 против Преспа, додека Шкендија Арачиново направи пресврт и со 1-2 славеше над Тетекс во Тетово.
Охрид со минимални 0-1 го доби дуелот против Новаци, а Вардар Неготино на свој терен убедливо славеше со 4-0 над Големо Коњари.
Александар Ванев