
Викендот ќе се одиграат натпреварите од 11. коло од Првата футсал лига на Македонија. Колото ќе биде отворено утре со мечот меѓу Црна Река и Осогово, натпревар кој ќе се одигра во Кавадарци со почеток од 17 часот.
Црна Река на своја страна ќе го има домашниот терен и домашната публика, а голема предност за Осогово ќе биде тоа што за пролетниот дел е квалитетно засилен со провери играчи.
В недела ќе се одиграат три натпревари. Кеги Моби на домашен терен ќе го пречека тимот на Карадаку, Железарец ќе биде домаќин на Бутел, додека пак Клими ќе игра против лидерот Форца.
Колото ќе се комплетира в понеделник со мечот меѓу второпласираниот Шкупи и последнопласираниот Овче Поле.
Александар Ванев, М-Нет