Избрани најдобрите спортисти на Радовиш за 2023 година

Вечерва во Радовиш се одржа манифестацијата „Спортист на годината“, во организација на Општина Радовиш.

На манифестацијата им се обрати градоначалникот Ацо Ристов, а веднаш потоа беа додели и награди за најдобрите спортисти за 2023 година.

Марко Ананиев од БК Бучим – Радовиш, доби признание за најперспективен спортист – пионер, Глорија Тодоровска – УСК Никола Карев, доби признание за спортистка на годината – кадети, Борис Колев – Муаи Таи Клуб Комбат, спортист на годината – кадет, Миахило Илиев – БК Бучим – Радовиш, доби признание за спортист на годината – јуниори.

Посебни спортски достигнување им беа доделени на Славче Јанев од ФК Детонит Плачковица, Васе Спасов од БК Бучим – Радовиш за спортски работник за 2023 година, Рис Спасов – БК Бучим од Радовиш за спортски тренер на годината, Живко Андонов – УСК Никола Карев за спортски работник за повеќегодишна работа, ЖФК Плачковица за женска екипа на годината.

Фудбалски клуб Детонит Плачковица за спортска екипа на годината, Александар Јермазов – бодибилдинг признание за спортист на годината во категорија сениори, а признанија добија и Изабела Зајкова, како и Одбојкарската федерација на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет