Осминафинале на „Петровден 2023“: Вабко со седум гола ја распадна Враништа, следна фаза и за АСП ПАК и Тороман Мешеишта

Синоќа започнаа натпреварите од осминафиналето на турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта.

Гледачите имаа можност да уживаат во одличниот фудбал, многуте погодоци, пенал-рулетот, неизвесноста и возбудата.

Првиот натпревар предизвика дожд од погодоци, а публиката уживаше во „тресењето“ на мрежите. Вабко сервис Џуте со 7:1 ја декласираше екипата на Враништа. Во вториот меч од 21:30 часот Брумел загуби со 0:2 од екипата на Тороман Мешеишта.

Третиот меч беше највозбудлив за публиката. АСП Пак и Дебрца Експрес во регуларниот дел ремизираа играјќи 2:2, па победникот се решаваше во пенал лотаријата, која ја доби екипата на АСП Пак со 6:5.

Вечерва се играат нови три натпревари. Во 20:30 часот Кафе Бар 9 ќе игра со Стаклара Исмајлоски, еден час подоцна БЗ Груп Враништа против Еко Шпар, а во последниот меч од 22:30 часот ќе играат Сатеска и Ресторан Саница Викса Пром.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан во Мешеишта.