Анџело Николовски е најново засилување во Детонит Плачковица

Детонит Плачковица не мирува на трансфер пазарот, откако денес ангажираше ново засилување за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

Радовишани се засилија со Анџело Николовски кој доаѓа од редовите на прволигаш Брегалница од Штип. 21-годишниот лев бек ќе биде големо засилување за второлигашот од Радовиш, кој под водство на штипскиот тренерот Иван Варадиновски ќе ги напаѓа местата кои водат во Првата македонска фудбалска лига.

Во својата кариера штипјанецот покрај за Брегалница има настапувано и за Гостивар и Кит Го од Пехчево.