Освен намален притисок нема проблеми со водоснабдувањето во Берово и Карбинци

Зголемена е побарувачаката и потрошувачка на вода во Берово, ама проблеми со водоснабдувањето нема, децидни се надлежните. На температури околу 40 степени, стои препораката граѓаните рационално да ја користат водата за да ја имаат постојано и во сите делови од градот и населениете места. Единствен проблем кој се посочува е малиот резервоар во село Русиново каде може да дојде до намалување на водоснабдувањето.

„Немаме никаков проблем со водоснабдувањето, освен во село Русиново оти е помал резервоарот. Апелот до граѓаните останува ист како и претходните години, водата да се користи рационално за да се има вода во континуитет“ – вели Дујовски.

Поголеми проблеми со водоснабдувањето не се забележани ниту во Карбинци, освен намален притисок на вода во понаселените места. Директорката Коцева посочи дека во наредниот период ќе се зголемат контролите и апелира рационално да се користи водата за пиење.

„Со оглед на високите температури зголемена е побарувачката на вода и доаѓа до намалување на притисокот во попладневните часови. Најголеми проблеми имаат нанаселените места.“ – вели Коцева.

Ќе се работи и на решавање на проблемот со дивите приклучоци на територија на Карбиници со цел да се спречи неконтролираната потрошувачка на вода и водата за пиење да ја има на овие пеколни температури.

Лаура Стојанова М-Нет