Во Штип најмногу пријави за работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот

Во Штип најмногу пријави од страна на работници кои морале да работат на отворено на температури околу 40 степен. Од „Гласен текстилец“ посочуваат дека пријави имало и од Свети Николе и Скопје, а пријавувале градежни работници како и вработени во јавни претпријатија.

„Претежно морам да кажам дека зголемена е културата и свеста на обичните граѓани. Во текот на вчерашниот ден луѓе пријавуваа во однос на градежни работници и работници од јавни претпријатија од Скопје. Дури и обичните граѓани приметуваат дека се прекршуваат правата на работниците и дека работат на изложеност на сонце“ – вели Ампева.

Лоша е сликата и со превозот кој ги превозува работниците од работно место до дома и обратно. Неклиматизирани и преполни автобуси се сликата секојдневно на терен во Штип па од Гласен текстилец посочуваат дека на пеколно високи температури ова е проблем кој треба да се реши.

„Генерално сликата е ваква каква што е, се гледа на постројките во периодот од 14 ипол до 15 часот. Во текот на вчерашниот ден го контактирав и градоначалникот и го посочив проблемот особено заради фактот дека автобусите се неклиматизирани. Сметам дека во вакви услови треба да се реагира“ – додава Ампева.

За време на топлотниот бран Владата донесе мерки и препораки со кој треба да се ослободат од работа бремените жени и работници над 60 години, а во периодот од 11 до 17 часот не треба да работат и градежните работници и вработени во јавните претпирјатија.

Лаура Стојанова М-Нет