
Есенската полусезона во Трета лига – Север заврши, екипата на Шкеднија Арачиново е есенски шампион, а што се однесува до листата на најдобри стрелци на врвот од истата е фудбалерот на Фортуна, Орхан Мифтар со 19 постигнати погодоци.
Во пролетниот дел ќе биде тежок предизвик на останатите фудбалери да го пристигнат искусниот Мифтар.
Втор на листата на најдобри стрелци е Бејтула Авдулаи од екипата на Башкими Љуботен со 11 погодоци, а пак по девет погодоци имаат Мартин Лазев кој настапува за дебитантот Ржаничино и Мерван Фетаи кој настапува за Беса Влазрими.
По седум погодоци во есенскиот дел во Трета лига – Север постигнаа Фати Јусуфи од БВK Коњаре, Шуајб Алити и Еркан Шаип од Шкендија Арачиново, Ферди Исмаилвоски од екипата на Еуромилк ГЛ, Нусрет Курти од Башкими Љуботен и Дарко Тодоровски од тимот на Куманово.
Во есенскиот дел беа постигнаа осум автоголови, од кои два ги постигна Ергин Шерифи до Куманово, а пак автоголови си постигнаа Фати Јусифи и Адем Аџами од БВК Коњаре, Марко Киш од Њу Старс, Марко Крстевски од Кадино, Артан Чилафи од Шкендија Арачиново и Антонио Македон Поповски од Аеродром.
Александар Ванев, М-Нет