
Се организираше деветта по ред меѓународна радовишка ликовна колонија која е дел од годиншата програма на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. На настанот беа изложени 21 дело работени во најразлични техники. Присуство зедоа гости од Бугарија и Турција, а изложбата ќе трае во времетраење од две недели.
„Имавме уметници од Бугарија и дружбата беше прекрасна со уметниците а ја имав приликата да бидам дел од колегите кои што беа поканети на таа ликовна колонија. Моето учество беше онлајн, за жал не беше физичко присуство но, задоволна сум од она што нели денес го изложивме. Овде се изложени 21 дело, работени во најразлични техники и ова изложба ќе се отвори денес и ќе трае во наредните две недели“- посочи Димитрова
Доминираа повеќе техники на изработка на ликовната колонија. Најмногу преовладувани техники беа маслена техника на платно , акрил на платно, комбинирана техника и акварел, посочи Душан Коцев претседател на здружението на ликовни уметници на град Радовиш ,
„Изработени се повеќе техники сите дела се работени во маслена техника на платно, акрил на платно, комбинирана техника и акварел. Поголем дел од сликите како што реков значи еве ќе имате можност да ги видат вашите граѓани. Изложбата сигурно ќе трае повеќе од десет дена и ми претставува посебна чест и задоволство да повторно во иднина соработуваме заедно со Центарот за култура Кочани“ -вели Коцев
Се очекува ваквите настани да станат се почеста појава во Кочани каде ќе има присуство на гости како од државата така и надвор од неа.
Лаура Стојанова, М-Нет