
Општина Штип и годинава распиша јавен повик за доделување на стипендии од областа на спортот како директна поддршка на младите и талентирани спортисти од општина Штип.
Стипендиите ќе бидат наменети за ученици-спортисти кои активно се натпреваруваат во индивидуални спортови и ученици-спортисти кои се натпреваруваат во екипни спортови.
Уште еднаш се потврдува зошто Штип е град на спортот, бидејќи општината покрај поддршката за клубовите, директно ги поддржува и спортистите.
Јавниот повик се однесува за доделување на стипендии за ученици спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови, кои учат во основните и средните училишта на подрачјето на општина Штип, жители на општина Штип.
Стипендиите како и минатата година ќе бидат поделени во неколку категории. Првата стипендија за освоени 91 до 100 бодови во износ од 7.000 денари месечно, во времетраење од 12 месеци.
Втора категорија од 81 до 90 бодови, 6.000 денари, трета категорија од 71 до 80 бодови, износ од 5.000 денари, четврта категорија 61 до 70 бодови износ од 4.000 денари и петта категорија за освоени 60 бодови во износ од 3.000 денари.
Сите стипендии се исплаќаат месечно во времетраење од 12 месеци.
Рокот за пријавување изнесува 10 работни дена од денот на објавување на повикот. Јавниот повик се објавува на 15 јуни 2026 годна и трае заклучно со 26 јуни 2026 година.
Јавниот повик можете да го погледнете на следниот линк.
Александар Ванев, М-Нет