
Општина Карбинци ја зголемува финансиската поддршка кон секој новозапишан првооделенец, средношколец и студент, како и за секое новороденче од општината. Поддршката за учениците и студентите се зголемува од 3000 на 5000 денари, додека за новороденчињта од 5000 на 10 000 денари. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека оваа поддршка е со цел жителите и младите да живеат по достоинствен живот.
“Општина Карбинци ја зголемува финансиската поддршка кон општествениците во општината, што значи тоа? За секое новороденче во општината до сега дававме до семејство во висина од 5.000 денари, а оваа година ги зголемуваме на 10. 000 денари. И за секој ученик во прво одделение новозапишан, студент и средношколец од Општина Карбинци исто така финасиска поддршка ќе биде зголемена од претходно 3000 денари во износ од 5000 денари. Ова е со цел да ја зголемиме поддршката, односно нашите жители да имаат можност да се образуваат и живеат по достоинствено.“, вели Паунов
Веќе постои и награда за најдобар ученик во основтот училиште, вели Паунов, а она што општината го планира како новитет е воведување на награди и за најдобар студент, додава тој.
“Ние овој буџет оваа година го згоемивме по оваа стапкја со цел да мотивираме, а понатаму планираме да го прошириме, односно они мерки кои што ќе значат пари дирекно кон граѓаните, да ги прошириме во делот на образованието, а веќе постои и награда за најдобар ученик во основното училиште. Еве во иднина планираме нешто ново да воведеме и кај средношколците и студентите, како најдобар или дипломиран.“, додава Паунов
Со ваквата поддршка покрај што новороденчињата ќе имаат подобри можности и услови, од сега и учениците и студентите oд општината ќе имаат по достоинствени можности.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет