Општина Зрновци обезбеди средство за дезинфекција и заштитни маски за сите жители

Општина Зрновци ги информира жителите дека секој работен ден од 08-15 часот, пред општинската зграда може да се снабдат со средство за дезинфекција на дворните места.
Од кризниот штаб на Зрновци велат дека за потребите на жителите обезбедени се и 1000 заштитни маски.
Повозрасните лица кои не се во состојба лично да се снабдат со средство за дезинфекција и заштитни маски, може да се јават на следните телефонски броеви, за достава до нивните домови.
– 075229833
– 078497121
– 075423802