Опожарен стан во Виница, нема повредени

На 08.03.2025 година околу  22.40 часот во ОВР Виница било пријавено дека на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница бил опожарен стан, сопственост на Л.А.(67) од Виница а изнајмен на М.Ј.(32) од село Јаргулица радовишко. Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарница единица Виница пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.