Петгодишната штипјанка Емили Петешева со бронзен медал, КК Партизан со големи резултати на Меѓународен турнир во Скопје

Големи резултати за каратистите од карате клубот Партизан од Штип на меѓународниот турнир “Grand Prix Macedonia” во Скопје, каде што учествуваа 13 држави и околу 1000 натпреварувачи.

Пет годишната Емили Петешева од Штип беше најмладата натпреварувачка на целиот турнир и успеа да освои бронзен медал во кати!

“Нашите млади борци за првпат застанаа на татамите и покажаа дека се иднината на карате спортот. Посебно сме горди на Емили Петешева, која со само 5 години беше најмладата натпреварувачка на целиот турнир и успеа да освои бронзен медал во кати! Огромно браво за неа и за храброста што ја покажа”, велат од клубот.

Покрај Петешева, бронзен медал во кати освои и Каја Гацова.

Бронзен медал во борби освои Софија Крстовска, пласман на петтото место во кати за Јован Петешев и Филип Пецов.

Од штипскиот карате клуб Партизан, каде тренер е Симона Петешева, настапија и Јоана Иванова, Ќирил Ѓеоргиев, Ѓоше Пецов, Милена Кристал Крстовска и Божидар Крстовски.

Потврда дека со одлична и посветена работа следуваат и големи резултати.

Александар Ванев, М-Нет