Оливер Христов се врати во Детонит Плачковица

Оливер Христов се врати во редовите на Детонит Плачковица, откако се раздели со Воска Спорт. 26-годишникот во јануари ја засили Воска Спорт, каде ја помина пролетната полусезона од претходната сезона, а откако новиот прволигаш ја потврди информацијата дека се раздели со Христов, искусниот фудбалер не чекаше долго за нов ангажман.

Христов се враќа во Детонит Плачковица, откако двете страни се договорија за соработка. Капитенот се враќа во Радовиш, а во новата сезона радовишани ќе целат кон местата кои водат во Првата македонска фудбалска лига.

Во својата кариера Христов покрај за Воска Спорт и Детонит Плачковица, има настапувано и за Победа од Прилеп, Кит Го од Пехчево, штипска Брегалница, Каменица Саса, Василево, Тиверија и Хоризонт Турново од каде и ја започна кариерата.

Како што дознава телевизија М Нет во следниот период ќе следува промоција на нови засилувања во Детонит Плачковица.