
Тиквеш за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига договори две нови засилувања. Ново големо засилување е младиот португалски голгетер Марио Гасама, а кој во Кавадарци доаѓа од редовите на кипарски Ахиронас-Онисилос.
22-годишникот е второ засилување по Џемаил Ибиши, кој беше претставен како прво летно засилување во Кавадарци.
Третото летно засилување за Тиквеш е Благоја Спиркоски, кој во Кавадарци доаѓа од редовите на Гостивар, а 26-годишникот стави потпис на едногодишен договор.
Прилепчанецот во својата кариера покрај за Гостивар има настапувано и за Силекс, Пелистер, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк ГЛ, 11-ти Октомври, Хоризонт Турново и кичевски Напредок.
Ристе Темелков си замина од Тиквеш, иако клубот му понуди нов договор, сепак 25-годишникот истиот не го прифати и реши да ја засили Македонија Ѓорче Петров. Во својата кариера покрај во дресот на Тиквеш, настапуваше и за Академија Пандев, штипска Брегалница и Хоризонт Турново.