
Како што најави телевизија М Нет пред неколку дена, нов играч на некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ е Оливер Пеев.
36-годишниот играч за врска во Еуромилк ГЛ доаѓа од редовите на Кадино, а претходно настапуваше и за Вардар, Беласица, Борец, Работнички, Пелистер, Металург, Шкендија и Тетекс на домашната сцена, додека пак во странство настапуваше во Турција и Грција.
Пеев со своето искуство ќе биде големо засилување за Еуромилк, кој претходно како што ексклузивно објави телевизија М Нет се засили со Стојан Стојчевски, Роберт Митев, Филип Петковски, Леон Филиповски и Ване Пандев.
Еуромилк ГЛ есенската полусезона ја заврши на делба на третото место заедно со екипата на Фортуна со по 29 бодови, а во пролетниот дел ќе води борба за освојување на првото место кое води во баражот за Втората македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет