
Кратовски компир, зеленчук и овошје од Македонска Каменица, расад од кочанскиот регион на пазарот во Облешево. Иако убавото време влијаеше за делумно поголема раздвиженост споредбено со пазарите претходно, сепак побарувачката е слаба. Граѓаните немаат пари, а за високите цени на производите се свесни и самите продавачи. Но, како што велат заради скапите ѓубрива и семенски материјал, нема простор за пониски цени на производите.
„Слабо има продавачи, а и купувачи нема. Пензија зема народот не ми е јасно, нешто не штима. Јас расад продавам не купуваат младите, некој стар ако купе само. Многу е да ти кажам, јас да сум не би купил по овие цени.“ – велат продавачите.
Мора да се купи храна, велат купувачите, ама децидни се дека пазарот е скап, а нивните примања ниски. Кога станува збор за производството велат има доволно избор.
„Скапо ама нема што да се прави, бараме евтино и тоа го купуваме. Производи има се, ама пари нема“ – велат купувачите.
Цените на производите и денеска на пазарот во Облешево останаа исти како и претходниот период. Драстични промени не се највени овој период.
Лаура Стојанова М-Нет