Околу 80 социјално загрозени семејства во Штип добија пакети со храна и средства за дезинфекција

Околу 80 социјално загрозени семејство во Штип денеска добија пакет со храна и средства за дезинфекција, во согласност на проектот „Нула глад“ во Општина Штип. Овој проект е во соработка на Социјалниот фонд на општината и Храна за сите Скопје, а како партнер се вклучува и Центарот за социјална работа Штип.

Ова е прва ваква акција во градот под Исарот со тенденција и понатаму да продолжи со реализирање.

Преку Центарот за социјална работа е дојдено до листите на семејства кои имаат потреба од вакви пакети со храна, а единствен услов е да бидат корисници на социјална помош. Меѓутоа како што посочи директорката на Центарот за социјална работа Штип, Златка Иванова, сите оние кои имаат потреба а не се корисници на социјална помош може да се пријават. Од организација на банка за храна и покрај тоа што над 150 илјади тони храна имаат спакувано и дистрибуирано, за прв пат се наоѓаат во Штип.

Со овој проект „Нула глад“ и донација на пакети со храна и сега во време на пандемија средства за дезинфекција се опфатени 20 општини во државата меѓу кои и Општина Штип. Градоначалникот Николов со апел до сите оние кои сакаат и имаат можност да се вклучат во проектот и да донираат храна.

Лаура Стојанова М-Нет