
Штипските пензионери утре заминуваат на регионалните игри на спорт во Ново Село Струмица. Околу 50 штипјани ќе земаат учество во игрите кои ќе се одржат утре, истакна Ристе Нетков, претседател на здружението на пензионери Штип.
„Во делот од спортските активности сега е баш прав момент, бидејќи нашите пензионери заминуваат на регионалните спортски игри во Ново село Струмица, така да ние ќе учествуваме со 50 учесници со различни дисциплини на спортот. “ – изјави Нетков
Ластомир Петрушев од здружението на пензионери Штип утре ќе се натпреварува во спортската дисциплина теглење на јаже. Тој за камерите на М-Нет телевизија истакна дека со таа спортска дисциплина се занимава од 2007 година.
„Утре 18.06 ќе одиме за Ново село на спортските регионални натпревари. Јас ќе земам учество во јажето за теглење. Инаку јас од 2007 година се занимавам со оваа дисциплина и сега пак ќе се натпреварувам во ова дисциплина. Има дисциплини 11, во сите дисциплини има по три, единствено во јажето ќе има пет учесника. “ – изјави Петрушев
На утрешниот ден на регионалните игри на спортот ќе се спроведат 11 спортски дисциплини на кои ќе бидат вклучени по три учесника, а во теглењето на јаже пет учесника.
Лаура Стојанова, М-Нет